Услови за користење

Со пристапот и регистрацијата на www.topka.mk, давате согласност дека ги прифаќате и дека ќе ги почитувате условите за користење на содржините од страницата www.topka.mk.

„Топка.мк“ го задржува правото да ги менува и да ги дополнува овие услови.

За секоја настаната промена на овие услови, ќе бидете навремено известени на Вашата електронска пошта со која сте извршиле регистрација на „Топка.мк“.

Во понатамошниот текст, поимот „Топка.мк“ ќе е еквивалентен на поимот „сервис“, вклучително и членуваната форма од истиот поим („сервисот“).

Во понатамошниот текст, посетителот и/или регистрираниот корисник на „Топка.мк“ ќе биде нарекуван со поимот „корисник“, вклучително и членуваната форма од истиот поим („корисникот“), како и релевантните множински изведенки од истиот.

1. Право на користење

Корисникот на содржините на сервисот има право на увид и барање за исправка на објавените содржини за кои смета дека се неточни.

Корисниците на содржините на сервисот имаат право да ги споделуваат содржините целосно или делумно под услов да го наведат изворот според „Криејтив комонс“ лиценца, вклучително и повратен линк до сервисот.

Корисниците немаат право содржините од сервисот да ги отстапуваат на трети лица, да ги складираат во електронска или каква било друга форма, ниту јавно да ги користат за комерцијални намени, без согласност од сервисот.

2. Точност на содржините

Сервисот не е одговорен за евентуални директни или индиректни последици од употребата на содржините од сервисот, како и за точноста на содржините кои се генерирани од страна на корисниците.

Корисниците се обврзуваат да даваат исклучиво вистинити податоци при регистрација и обработка на сопствените профили. Сервисот го задржува правото за промена, дополнување или бришење на било кој дел од страницата или на целиот профил без претходно известување, како и за времено или трајно запирање на профилот. Одговорноста за содржината на објавите, сликите, видео-клиповите, профилите или другите прилози кои можат да се споделат преку сервисот, лежи исклучиво кај авторите.

3. Заштита на авторските и сродни права

Сервисот, неговите содржини, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и со авторски права преку „Криејтив комонс“ лиценца.

4. Заштита на приватноста и тајност на податоците

Сервисот ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците на посетителите не се достапни за трети лица, освен во случаи за кои законски е поинаку пропишано.

При регистрација на сервисот, корисникот е задолжен да внесе адреса до својата лична електронска пошта, односно своја email адреса, до која има непопречен пристап. Во процесот на регистрација, сервисот ќе испрати линк и инструкции за верификација и активација на корисникот на истата email адреса која била воведена од корисникот. Истата email адреса ќе биде видлива и достапна за корисниците на сервисот, само доколку корисниците се регистрирани и најавени на сервисот. Истата email адреса нема да е јавно достапна, односно нема да е достапна за корисници-посетители кои не се регистрирани и најавени на сервисот.

Сервисот го задржува правото да ја користи email адресата и/или телефонскиот број (доколку е воведен од страна на корисникот) на корисникот за понатамошни известувања поврзани со сервисот или идни модификации и надградби на истиот, создавање на други сервиси од страна на креаторот на топка.мк, задолжувајќи го креаторот со обврска, истата email адреса или телефонски број да не бидат споделувани со трети страни за комерцијални, некомерцијални или други цели.

Сервисот и креаторот на сервисот се задолжуваат, во случај на евентуални понатамошни известувања кои се или не се поврзани со сервисот предвидени според оваа точка од условите за користење, да овозможат опција за лесно прилагодување или целосно отпишување од листата на корисници, без да го изгубат постоечкото право на пристап кон топка.мк.

5. Линкови до други интернет–страници

Некои од линковите на страницата сервисот водат кон интернет-страници и сервиси на други извори на информации и на информирање. Сервисот на никаков начин не е одговорен за содржините на тие страници и сервиси.

6. Недопуштени содржини

На сервисот недопусливи се содржините наброени под овој параграф. Несогласно однесување, прекршувајќи некое од овие правила ќе резултира со перманентно бришење на профилот и доколку некои од прекршоците подлежат на законска регулатива, податоци за корисникот ќе бидат доставени до надлежните институции.

  • Поставување на платени телефонски броеви како и СМС услуги, лажно поставени како лични информации за контакт или доставени на измамнички начин кон друг корисник на сервисот.
  • Навредливи, нападни или дискриминирачки изрази.
  • Расистички, клеветнички, насилни или противуставни содржини.
  • Нелегални објави, кои го загрозуваат или повредуваат правото или здравјето на трета страна.
  • Порнографија, вклучително порнографски и опасни за младината списи и предмети.
  • Објавени контакт информации во име на трета страна без дозвола од истата.
  • Објави на странски јазик без Македонски превод.
  • Објави кои не се во рамките нa правилата на сервисот и објави кои не се во согласност со законските прописи во Македонија.

7. Спам, измама, злоупотреба

Сервисот не толерира спамови (Масовно создавање на содржински идентични прилози (теми) и/или одговори),што значи не е дозволено објавување на исти прилози во повеќе категории. Ако сте вознемирени од спамовите, не се двоумете да не контактирате на: contact( at )topka.mk

8. Неовластено користење и пристап

Секое неовластено користење на сервисот, неовластен пристап во сервисот и неовластено стекнување на податоци кои се складирани и во сопственост на сервисот и неговите корисници, е забрането и секое прекршување на овој услов ќе биде пријавено до надлежните институции.

Собирање, складирање и било каква обработка на податоци достапни во содржината на сервисот, извршена по автоматски пат со користење на софтвер, со употреба на ботови (web scraping, crawling...) и слично, е забранета, со единствен исклучок врз основа на предходна писмена согласност од страна на сервисот.

9. Престанок, суспензија

Сервисот го задржува правото да ја прекине или суспендира регистрацијата на корисникот на сервисот во секое време, без писмено соопштение, ако истиот, според мислењето на сервисот, не се однесувал во согласност со условите на користење. Во случај на прекин на регистрацијата, сервисот ќе го избрише евентуално креираниот профил на корисникот, а неговите податоци ќе се чуваат во предвидениот рок.

Во случај корисникот да посака да го избрише сопствениот профил на сервисот, тоа може да го изведе на едноставен начин преку поставената опција во Поставки. Во случај на бришење на профилот од страна на корисникот, профилот ќе биде перманентно избришан, заедно со сите податоци објавени од страна на корисникот и без можност истите да бидат обновени во иднина.

10. Контакт

Ако имате било какви прашања, контактирајте не на contact@topka.mk

Условите за користење се последно ажурирани на 2 Мај 2021 година.